
ВИЗИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО
Преку воспитно образовниот процес да се влијае на создавање на здрави личности во поглед на физичкото, менталното и социјалното здравје кои ќе ги остварат обврските на одговорни граѓани.Стекнатите знаења и вештини да бидат трајни и истите да можат да ги применуваат во понатамошното образование и извршување на работните задачи.Остварувањето на визијата, училиштето ќе го овозможи преку стекнување на знаења, вештини и позитивни вредности на личноста.Континуирано ќе работи на остварување на целта на визијата преку учење, критичко мислење, напредување од сите области користејќи ги потенцијални средства со кои располага училиштето.
МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Развивање на современа компјутеризирана настава, обезбедување на Еко средина, применување на објективно оценување, развивање на чувства за одговорност, хуманост и стекнување практично применливи знаења кај учениците
Го поттикнуваме учењето, личниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците и ги оспособуваме за соживот во мултиетничко општество
- Користиме современи приоди во наставата за поефикасно учење и поучување на учениците
- Го поттикнуваме личниот, емоционалниот, социјалниот развој на учениците
- Ги оспособуваме учениците за соживот во мултикултурното општествo

